Времето денеска-претпладне сончево, попладне пороен дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.