Ако Белград и Приштина покажат храброст можен е договор,смета американскиот амбасадор во Србија
Американскиот амбасадор во Белград Кајл Скaт изјави дека оваа година би можело да се дојде до сеопфатен правно-обврзувачки договор меѓу Србија и Косово, доколку и косовската и српската страна покажат лидерство и храброст.
Давајќи оценка за тоа колку суштински се навлегува во финална фаза од преговорите за регулирање на односите помеѓу Белград и Приштина, американскиот амбасадор за РТК2 изјави дека за тоа ќе биде решавачко државничкото однесување и храброста и на косовската и на српската страна.
"Мислам дека имаме одлична можност оваа година, доколку постои вистинско државништво и лидерство, како од српската, така и од страна на косовската влада, да се тргне кон конечното решение, кон сеопфатен договор за нормализација. За тоа се потребни храброст и лидерство", изјави Скат.