Протестите во Тблиси во мирување, но нема промена во барањата
Протестот на илјадници луѓе кои бараат оставка од грузиската влада заврши рано утринава, но организаторите велат дека тој ќе продолжи вечерва. Заза Саралидзе, лидер на движењето кое почна на 31 мај како масовен протест по пресудата во процесот за двајца млади мажи осомничени за убиство на неговиот син тинејџер и уште едно момче, рече дека ќе останат преку ноќта во шатори поставени пред старата зграда на парламентот во Тблиси.
Тој рече дека демонстрантите нема да отстапат од своите барања за нова влада и покрај напорите на грузискиот претседател Георги Маргвелашвили и премиерот Гиорги Квиркашвили да одговорат на барањата на демонстрантите со реформи во судскиот систем.
Демонстрантите ги почнаа протестите откако судот во Тблиси ги осуди на десет и на девет години затвор двајцата осомничени за убиство и обид за убиство на синот на Саралидзе и друг тинеџјер во декември2017 година. Родителите тврдат дека се прикриваат вистинските извршители на убиството бидејќи нивни роднини наводно работеле во канцеларијата на обвинителството.