Грузија-демонстрантите ги повикаа политичките партии да се приклучат на движењето
Организаторот на антивладините протести во Тблиси побара од “сите политички партии” во Грузија да се приклучат на протестното движење. Демонстрациите продолжија и во раните утрински часови денеска. Заза Саралидзе, водач на протестите доцна синоќа побара од јавноста поддршка, а засега не се знае дали грузиските опозициски партии ќе се придружат.
Демонстрантите ги почнаа протестите откако судот во Тблиси ги осуди на десет и на девет години затвор двајцата осомничени за убиство и обид за убиство на синот на Саралидзе и друг тинејџер во декември 2017 година. Родителите тврдат дека се прикриваат вистинските извршители на убиството бидејќи нивни роднини наводно работеле во канцеларијата на обвинителството.