Вучиќ: Ако се врати српската војска на Косово би биле во судир со НАТО
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со Резолуцијата 1255 на Советот за бебзедност ОН се предвидува враќање на илјада српски војници и полицајци во Косово, додавајќи дека сепак тој лично често пати бил предупредуван оти со преземањето на ваков чин Србија би дошла во судир со НАТО.
„Доколку Србија се обиде да влезе на Косово со своја војска или полиција, НАТО тоа би го третирал тоа како непријателски акт и ние со тоа би биле во судир со најмоќниот сојуз во светот. Тоа говори колку состојбата е сериозна и колку луѓето не ги интересира правото, туку само силата и фактичката состојба. Јас не говорам често за ова, бидејќи не сакам да ги заморувам граѓаните секој ден, но нема да кажам дека ова е праведно и правично“, изјави Вучиќ.