ОБСЕ: Поддршка за реформските процеси во Македонија
ОБСЕ ги поддржува напорите на Македонија за демократски развој и напредокот на домашен и меѓународен план. Ова на премиерот Зоран Заев му го пренел директорот на одделот на словачкото МНР, Роберт Кирнаг, одговорен за подготовка со претседателството со ОБСЕ во 2019 година.
На средбата во Скопје, како што информираше владината прес-служба, се разговарало за приоритетите што се важни за развојот на Македонија во делот на зајакнување на институционалните капацитети, владеење на правото, изборното законодавство, како и за развивање на државата во едно општество за сите.