Ќе се централизираат медицинските лаборатории во државата
Со централизација на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе оствари заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подоби услови за пациентите, изјави на денешната прес-конфернеција министерот за здрваство Венко Филипче.
Тој посочи дека проектот е во насока на оставарување eвропски модел и дека овој систем за централни набавки има поддршка од Светска банка.
„Централизираните набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата. Министерството ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање. Очекуваме цените на опаднат за 10 до 20 проценти. Ќе се овозможи поголема оптимизација на бројот и видот на инструментите во објектите со што ќе се зголеми оперативната ефикасност и подобрување на пристапот до напредни технологии во здравствените установи“, изјави Филипче.