Анѓушев: Позитивни сите економски показатели, освен нискоградбата
Презентирајќи ги анализите од информациите на државните институции и стопанските комори, вицепремиерот рече дека во првиот квартал од годинава, во споредба со првиот квартал во 2017, се очекува раст на земјоделството за околу седум отсто, на преработувачката индустрија за шест проценти, на услужните дејности за 10 отсто, како и на градежништвото-високоградба.