Опозицијата го кочи законот за медиуми, обвини министерот Манчевски
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски побара собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, да работи без престан и секојдневно се додека не заврши амандманската расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и ја повика опозицијата „да заборави на тесните партиски игри“.
Министерот вели дека „веќе четири месеци опозицијата со бескрајни дебати го кочи усвојувањето на законот за медиуми“.
„Не сме против дебата за амандманите, но треба да заврши во разумно време. Претениците од ВМРО-ДПМНЕ прават се само да продолжи мандатот на актуелните раководства во МРТ и АВМУ од кои голем дел се партиски членови и сегашни и поранешни високи партиски функционери во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Манчевски.