Турската војска останува во северен Ирак до уништување на сите терористи
Турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли, денеска изјави дека турските сили ќе останат во северен Ирак се додека не бидат „отсранети сите терористички групи“, објави новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на интервјуто на министерот за агенцијата „Анадолија“.
Изјавата на Џаникли следи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Армијата на Турција започнала воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на Кандил и Синџар во северен Ирак.
Џаникли во интервју за агенцијата Анадолија тврди дека Турција му предложила на Иран заедничка операција против терористите во Кандил и дека Техран ѝ дал целосна поддршка на Анкара за офанзивата.