Мицкоски – Не прифаќаме промена на Уставот со цел промена на уставното име
Договорот за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас е пораз, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека денеска е тежок ден за Република Македонија.
„Заев го прикажува поразот како лажна победа, а она што е стекнато многу порано како наше природно и неспорно право, правото на јазик и националност, го прикажува како извојувана победа во преговорите со нашиот јужен сосед. Тоа е нешто што ние го имаме загарантирано и пред самиот овој таканаречен договор, многу порадно е исто така многу јасно кажано и напишано и во ОН“, рече Мицкоски.
Според него, договорот е прифаќање на сите грчки позиции и не може да се нарече никако поинаку од таканаречен договор. Тој рече дека договорот што го претстави Заев е „договор за капитулација“.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име“, рече Мицкоски.