Самарас против договорот за името бидејќи не го решава проблемот
„Овој договор, да запаметите, или нема да издржи или ќе предизвика експлозии. И Грција ќе се најде во полоши позиции. Единствено што постигнува е што го отвора патот за интеграција на Скопје во НАТО, ништо друго, го прескокнавте грчкото ветото и не решивте ниту еден проблем“, рече Самарас обраќајќи му се на Ципрас.
Според него, договорот целосно го признава иредентизмот македонската националност и македонскиот јазик, а нема ништо од ерга омнес.