Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во грчкиот парламент без проблеми
Ѕанакопулос изрази убеденост дека ратификацијата во грчкиот парламент ќе помине без проблеми, а доколку е потребно, владата потоа може да побара и гласање доверба.
“Договорот, верувајте ми, ќе се ратификува од грчкиот парламент со проширено, патриотско и прогресивно мнозинство и доколку во продолжение е потребно, верувајте ми, грчката влада одново ќе добие глас за доверба за да го заокружи четиригодишниот мандат”, објасни портпаролот на грчката влада и министер без ресор.
На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за дописите што грчката влада треба да ги испрати до ЕУ и НАТО, Ѕанакопулос не даде јасен одговор, туку рече дека договорот предвидува јасни чекори што треба да се следат, а поканата за Македонија од Северноатлантската алијанса ќе биде под услов, кој ќе се отстрани откако ќе се заврши со референдумот и уставната ревизија кај нас.