Општините од северна Грција бараат референдум за Договорот за името
На проширениот состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија, претседатели на здруженијата на општини од цела Грција, со присуство на митрополити, претставници од коморите и Универзитетите, беше издадена резолуција која ќе биде доставена до грчката влада и до политичките партии.