Сугарески: Субвенционираме авиокомпании, не даваме државна помош
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска по повикот за доделување финансиска поддршка за авиокомпании за нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, изјави дека не се работи за државна помош, туку за субвенционирање.
„Не станува зборза државна помош, туку за субвенционирање. Министерството за транспорт и врски се обрати до Комисијата за заштита на конкуренцијата од каде добивме јасен и прецизен одговор кој е упатен и до Европската комисија дека станува збор за субвенциирање“, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција на која беше претставен новиот повик.