На Горан Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство
На денешното рочиште за случајот „Трезор“ беше донесено решение на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, со оглед дека Врховниот суд во Атина донел одлука против екстрадиција на обвинетиот и со истата е прекинат неговиот притвор и е пуштен на слобода. Во контекст на тоа Судот го зема во предвид и известувањето од СВР Скопје дека Грујевски не е достапен на органите на прогон.
По паузата Судот констатира дека се исполнети условите за одржување на главната расправа, со што почна судењето за овој предмет. На обвинителна клупа во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешен шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.