Договорот за името во Собрание во наредната недела
За законот за ратификација на договорот за името ќе се расправа наредната недела во Собранието. Извесно е дека тој ќе биде усвоен, но и дека претседателот Иванов нема повторно да го потпише указот. Од владејчката коалиција најавија импичмент, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство кое го немаат. Излезот според експертите, се предвремени парламентарни избори.