Путин: Русија повлече над 1.000 војници од Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека над 1.000 воени лица и десетици авиони биле повлечени од Сирија во текот на изминатите неколку дена. Говорејќи на церемонијата за воени дипломирани студенти во Кремљ, Путин рече дека повлекувањето продолжува.
"Тринаесет авиони, четиринаесет хеликоптери и 1.140 лица си заминаа само во изминатите неколку дена", рече Путин. Русија имаше бомбашки напади во Сирија од септември 2015 година, помагајќи да се смени текот на седумгодишната граѓанска војна во корист на сирискиот претседател Башар ал Асад. Путин првично нареди "повлекувањето на главниот дел од нивниот воен контингент" од Сирија во март 2016 година, но имаше малку знаци на повлекување по таа најава. Во декември, Путин повторно нареди делумно повлекување на руските војници од Сирија , но од тоа време борбите повторно се разгореа меѓу разните завојувани фракции.