Заев: Пред Македонија е можност за затворање на поглавјето за членство во ЕУ
Датумот за преговори за членствов во ЕУ е голем поттик и мотивација за сите граѓани и пред земјата, како никогаш досега, стои можност да затвори стратешкото поглавје од својата современа историја – полноправно членство во Европската Унија, истакна денеска премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Форумот Кран Монтана во Брисел.
Република Македонија, истакнал тој, ќе направи се за да продолжи по патот на реформи и на исполнување на нејзините стратешки аспирации – членство во ЕУ и НАТО, и дека следното проширување на ЕУ, во кое ќе биде вклучена и Република Македонија, е – во суштина – консолидацијата на Европската Унија.
"Нам сите ни е познато дека поттикот што ЕУ им го дава на земјите што преговараат во таа последна фаза од процесот за членство – е суштествен, исклучително фокусиран мотивирачки и охрабрувачки за земјите кандидатки за членство. Пред нас имаме конкретна цел. Никогаш не сме биле поблиску до членство во ЕУ“, нагласи премиерот Заев.
На Форумот Кран Монтана учествуваат претседатели и шефови на влади, како и други истакнати личности од политичкиот и општествениот живот на Европа