Десетици загинати во поплавите во Јапонија
Најмалку 48 луѓе загинаа во поројните дождови на југот и на западот на Јапонија, соопштија денеска јапонските власти. Телевизијата ХНК објави дека во невремето загинале најмалку 65 луѓе, а 61 се водат како исчезнати.
Рекордни врнежи од дожд се регистрирани во повеќе области, меѓу кои Хирошима, Кјото и Окајама. Дождот предизвика порои, свлечишта и поплави, а многумина жители останаа блокирани пред почетокот на евакуацијата. Сезоната на поројни дождови секоја година ги погодува руралните подрачја во Јапонија, оставајќи зад себе жртви и голема материјална штета.