Помпео ги отфрли обвинувањата од Северна Кореја за „гангстерско“ однесување
Северна Кореја претходно ги обвини САД за поставување барања во „гангстерски стил“.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи, по вчерашната посета на Помпео на Пјонгјанг го критикуваше пристапот на американскиот државен секретар во разговорите.
Таа изјава е контрадикторна со изјавите на Помпео кој по разговорите во Пјонгјанг рече дека двете страни постигнале напредок за „речиси сите централни прашања“.