Претепаното 14-месечно бебе се бори за живот на КАРИЛ во Скопје
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ информирала дека здравствената состојба на 14-месечното бебе, кое со повреди по телото пред два дена неговата мајка го донела во Ургентен центар, е релативно стабилна, но дека се уште е во животна опасност.
Од Клиниката посочуваат дека бебето самостојно дише, не е на апарати, има повреди на главата и скршеници на потколениците и се уште е во животна опасност.
Во меѓувреме продолжува полициската истрага за да се утврди кој го претепал бебето.