Испраќањето црногорски офицери во Косово за Вулин е непријателски чин
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека испраќањето на двајца црногорски офицери во Косово без консултација со Србија е непријателски чин.
Според него, двајцата офицери на Војската на Црна Гора доаѓаат во мисија на КФОР „за да ја поддржат косовската независност, а не да ги заштитат Србите“.
„Основен ред е Србија да се консултира по ова парашање, да се покаже почитување кон Србија со која мора да живеете. Кога сте соседи, логички е да водите сметка за интересите на оној кој живее покрај вас, а тоа го нема кога испраќате свои офицери не прашувајќи ја Србија и кога свесно ја газите неутралноста на КФОР, говорејќи дека Косово е држава“, изјави Вулин.