Рот: Договорот за името покажа дека можат да се надминат и длабоки разлики
Државниот секретар во германското МНР, Михаел Рот, денеска изјави дека историскиот договор меѓу Грција и Македонија за спорот со името покажа дека е можно да се надминат и длабоките билатерални разлики, доколку се зголеми довербата и постои политичка волја.
Тој во соопштение, пред учеството на состанокот со шефовите на дипломатиите на западнобалканската конференција во рамки на Берлинскиот процес во Лондон, нагласи дека стабилноста и демократскиот развој на земјите во регионот е во интерес како на Германија, така и на Европа, како и дека се од особено значење за сопствената безбедност.