Анѓушев: „Југохром“ нема да проработи без филтри
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека „не може 'Еко Герила' или која било друга организација да кажува дали некоја компанија ќе работи или не“.
„Никој не може да биде над институциите на дражвата. Јасен е ставот на Владата - 'Југохром' не може да проработи ако не ги задоволи еколошките стандарди“, рече Анѓушев , одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на првиот проект за Зелениот климатски фонд.
Анѓушев додаде дека „Југохром“ веќе ги поставува филтрите и целиот процес треба да заврши до октомври-ноември годинава. Компанијата, согласно финансикиот план, мора да обезбеди уштееден милион евра, а ако тоа го стори Владата ќе и помогне со кредит од дополнителни 1,5 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот, со што ќе можеда се заокружи процесот во целост.