Мицкоски: Ни датум за преговори со ЕУ, ни безусловна покана за НАТО
„За власта зборот, не е збор, ниту делата реалност. Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас“, вели Мицкоски.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со протести, овој пат в недела во 13 часот во Кавадарци.