Фетаи бара притвор за Груевски или да го носат со полиција во судница
Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, познат и како „Шамари во Центар“, побарала притвор за обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски.
Груевски, кој е првообвинет во овој случај, на судењето доцнел 15 минути, и поради тоа Фетаи побарала „на обвинетиот да му се одреди притвор или да се донесе во Судот со полиција“.
„Според член 380 став 3, треба да биде приведен, ова не е во ред“, рекла Фетаи.
Покрај Груевски, обвинети во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие се обвинети за поттикнување на насилството што се случи пред Општина Центар, за време на протестите во јуни 2013 година.