Изреал спроведе најголем напад врз Газа од 2014 година
Иараелската армија спроведе најголема дневна воздшна кампања во Газа од војната во јули 2014 година, откако милитантите на Хамас испукаа десетици ракети во Израел.
Ниту една страна засега не пријавила жртви или материјална штета, а Израел соопшти дела цели на нападите биле воени објекти и оти цивилите во Газа биле предупредени да бидат оддалечени од одредени локации.
Израелскиот воен претставник Џонатан Конрикус изјави дека во последниот израелски напад, погодени се околу 40 цели на Хамас, вклучително тунели, логистички центри и воен штаб на Хамас.
Конрукус рече дека ескалацијата е резултат на ракетните напади на Хамас и нивно поттикнување на насилство по должината на границата.
Министерот за здравство во појасот Газа рече дека 15-годишен Палестинец бил застрелан во протестите на 13 јули на границата на Газа, а 20-годишник починал од прострелни рани.
Палестинците во Газа со месеци протестираат против децениската израелска блокада на територијата.