Трамп: имам огромна доверба во своите разузнавачки служби
![Трамп: имам огромна доверба во своите разузнавачки служби](https://gdb.rferl.org/B870A529-8472-419E-81E8-4F3F3FF3D414_w800_h450.jpg)
Соочен со остри критики во својата земја поради одбивањето јавно да ја обвини Русија за мешање во американските избори по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, американскиот претседател Доналд Трамп на твитер напиша дека двете супер сили „мора да се согласуваат“. Во пораката испратена од претседателскиот авион Трамп напиша: „Како што реков денеска и многу пати порано, имам огромна доверба во моите разузнавачи. Но, ја исто така имам предвид дека за да градиме подобра иднина не можеме исклучиво да се насочуваме кон минатото. Како две најголеми светски нуклеарни сили мора да се согласуваме“.