Русија мора да сфати дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ, порача Заев
![Русија мора да сфати дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ, порача Заев](https://gdb.rferl.org/60E644E1-A13D-4812-A7A5-A879AC7687EC_cx26_cy5_cw74_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска порача дека Русија мора да биде свесна дека Македонија нема алтернатива освен полноправно членство во Европската унија и НАТО и дека македонската Влада не само што сака да ја потврди соработската со Москва, туку сака и да ја унапреди.
„Јас само коментирам факти и изјави што допреле до мене од извештаите кои ги знам, со конечна цел да се прекине пријателството кое го градиме. Притоа знаат сите, треба да знае и Руската Федерација дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправното членство во ЕУ и НАТО. Ние сме мала земја со пријатели, без непријателства секако имаме поголеми шанси за нашите перспективи. Тоа го докажавме со соседите, тоа го правиме насекаде во ЕУ со земјите членки во НАТО, сакаме да го правиме и со сите земји во светот“, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на Руската амбасада на неговата изјава за финансирање на протестите во Македонија од страна на некои проруски бизнисмени.