Захариадис: Можеби тие кои на протестите говореле за предавства и не се толку чисти патриоти
Шефот на пратеничката група на СИРИЗА, Костас Захариадис, коментирајќи ги активностите на руските дипломати во северна Грција и информациите за обиди за поткуп, изјави дека „можеби граѓаните кои на протестите говореле за предавства и создале тензии и не се толку чисти патриоти, туку можеби и зеле нешто“.
„Заедно со мирните и демократски граѓани кои протестираа на демонстрациите, некои кои што создадоа бучава, тензии, кои велеа радикални работи, говореа за предавства, за национални предавства, можеби и не беа толку невини патриоти, можеби некои од нив и „зедоа нешто“, вели Захариадис во интервјуто за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио 104.9 ФМ“.
Тој додава дека грчките граѓани кои се против Договорот од Преспа и сакаат да протестираат, треба да бидат внимателни со кого учествуваат во демонстрациите.