ОБСЕ бара расветлување на случајот Ивановиќ
Канцеларијата на ОБСЕ во Косово, преку објава на Фејсбук, ги повика косовските инстутуции да го решат случајот со убиството српскиот политичар Оливер Ивановиќ, кој беше застрелан на 16 јануари во северна Митровица, објави „Газета Експрес“.
Мисијата на ОБСЕ во Приштина нагласува дека шест месеци по убиството, виновниците остануваат на слобода, а напредокот на истрагата е мал.
„Неодамнешната средба меѓу инспекторите од Приштина и Белград се позитивни и ние го охрабруваме спроведувањето на законот. Сите засегнати страни треба да направат сè што е можно за да се фрли светлина врз ова прашање. Како што рековме на денот на убиството на Ивановиќ, овој случај е главен тест за владеењето на правото на Косово и останува таков и до денес“, се нагласува во соопштението на ОБСЕ.
Ивновиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.