Бошњаковски: Опозицијата да докаже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Презентирајќи ги предлозите за измени на изборниот законик и по реакциите на опозицијата, владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека „Владата нема да дозволи опозицијата да ги направи граѓаните заложници на партиски интереси“.
„Отсуството на одговорност кај опозицијата не може да биде пречка за изразување на волјата за мнозинството граѓани на земјава, волјата на граѓаните на Република Македонија ќе биде изразена на слободен и демократски организиран референдум. Време е опозицијата да докаже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, рече Бошњаковски.Владата, додаде тој, остава можност за постигнување договор на можната лидерска средба утре, за која се уште нема информација кога и каде ќе се одржи.