Хан и порача на Тирана дека нема време за губење
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, попладнево на заедничката седница со албанската влада порача дека не треба да се губи време и оти подготвителниот процес е прва фаза од преговарчкиот процес.
"Јас секогаш ја кажувам оваа реченица, ние или ќе извезуваме стабилност или ќе увeзуваме нестабилност. И мислам дека ова е најдобриот опис во кратка реченица за тоа што е причината. Но, не е само тоа. Кога станува збор за Западен Балкан, секогаш велам дека тоа ќе беше комплетирање на нешто што знам дека започна во 1989 година од падот на железната завеса и кога Европа почна повторно да се обединува, рече Хан.
Најави дека многу набрзо ќе биде подготвен календар од ЕУ, нагласувајќи го значењето на администрација и оти во сите институции треба да има луѓе со големи познавања.
"Моето присуство во Тирана го означува почетокот на процесот за аналитичка проценка и тоа е прв чекор од преговарачкиот процес кој е пред нас. Сметам дека не треба да губиме време и да чекаме до наесен" нагласи Хан.