Рајан: САД се со НАТО сојузниците
Претседавачот со претставничкиот дом на американскиот конгрес, републиканецот Пол Рајан денеска рече дека САД стојат со НАТО сојузниците и сите земји кои застанале спротивно од руската агресија.
Тој најави и дека конгресот ќе разгледа нови санкции за Русија. Реакцијата на Рајат следува по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот лидер Владимир Путин, на кој Трамп не ја обвини Русија за вмешување во американските избори во 2016 година. Конгресменот денеска нагласи и дека требало да се биде на јасно и да се каже дека Русите се мешале во изборите во САД.
“Конгресот ќе се потруди Русија од тоа повторно да не се извлече и затоа сме подготвени да разгледаме и нови санкции кон неа” рече Рајан.
Според него САД треба да подготват и други земји да спречат вмешување на Русија во нивните демократии.