Вучиќ за изјавата на Харадинај: Јас не сакам да зборувам за војна
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сака да зборува за војни, коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај „дека во случај на поделба на територијата на Косово ќе дојде до нова војна“, објавија српските медиуми.
„Јас не сакам да зборувам за војна. Не сакам кога лидерите на други народи зборуваат за војна. Ние не сакаме војна и ќе дадеме сѐ од себе за нашите народ и земја да ги зачуваме од какви било конфликти“, рече Вучиќ.