ЕУ го казни „Гугл“ со 4,3 милијарди евра
Компанијата „Гугл“ ќе треба да плати 4,3, милијарди евра казна за прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ, потврди Европската комисија.
„Гугл“ има 90 дена да ги смени своите практики или во спротивно ќе плати дополнителни казни, потврди попладнево еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер.
Ова е втора казна од ЕК за американската компанија за прекршување на европските правила.