Прием на ДУИ по повод поканата од НАТО за Македонија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска организираше прием по повод поканата за Македонија за влез во НАТО, од каде испрати и видео порака.
„Доаѓам од народот, од тие што преврзуваа рани, од тие што вадеа куршуми од телото. НАТО е еден од најважните столбови за имплементирање и спроведување на Рамковниот договор. Алијаната е гаранција за стабилност во регионот“, изјави Ахмети во видео пораката од примеот.
На приемот беа присутни сите високи функционери и пратеници од ДУИ, верски поглавари, бизнисмени и амбасадори и дипломати од повеќе земји, меѓу кои и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.