Почна лидерската средба за референдумот и одблокирање на ДИК
Во Клубот на пратеници започна лидерската средба за подготовка на референдумот. Во Клубот на пратеници дојдоа премиерот Зоран Заев со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Бујар османи, Мендух Тачи, Африм Гаши, Билал Касами, Лиле Поповска од ДОМ, Горан Милевски ЛДП и Љупчо Димовски од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски пристигна со професорката Тања Каракамишева.
За прв пат на лидерската средба се присутни и лидерите на помалите партии.