ММФ: трговската војна може да наштети на глобалниот економски раст
Меѓународниот монетарен фонд ги предупреди светските финансиски лидери дека евентуалната трговска војна значително ќе му наштети на глобалниот економски раст. Директорката на ММФ Кристин Лагард вчера оцени дека сценариото во најлош случај ќе биде намалување за 0.5 отсто на глобалниот бруто домашен производ што ќе го намали растот за 430 милијарди долари помалку од претходните прогнози.
Таа зборуваше на состанокот на министрите за финансии на групата 20 што се одржа во Буенос Аирес. Нејзиното обраќање доаѓа во состојба на закани од претседателот на САД Доналд Трамп за ексалирање на трговските несогласувања и вопоставување дополнителни давачки за продуктите од Кина, Европа, Канада и други земји.
Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин на новинарите во Аргетина им рече дека се уште нема макроекономски ефекти на светските најголеми економии од американското воведување дополнителни давачки за челикот, алуминиумот и кинеските добра.