За Вулин компромисното решение за Косово е разграничување
Српскиот министерот за одбрана Александар Вулин изјави дека за Србија прифатливо компромисно решение за Косово е „разграничување и запирање на ширењето на Голема Албанија". Вулин, во интервју за весникот „Курир“ рече дека очекува Приштина да продолжи со провокации и обиди да го прекине дијалогот.
“Тие знаат дека преговорите со (претседателот Александар) Вучиќ не се добри за нив, а тоа тешко го прифаќаат”, оцени Вулин.
На прашањето како тоа ниту по шест месеци по убиството на Оливер Ивановиќ, истрагата на властите во Приштина не даде резултати, тој рече дека „на Приштина и многумина од меѓународната заедница им одговара да не се реши случајот".