Г20: трговските тензии, ризик за глобалниот развој
Групата 20 индустриски развиени земји оцени дека глобалниот стопански пораст е силен, но на краткорочно ниво е под ризик поради растечките трговски и геополитички тензии. Министрите за финансии на Г20 на состанокот во Буенос Аириес заклучија дека „постои потреба од јакнење на дијалогот и акција за да се намалат ризиците и да зајакне довербата“. Европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси изјави дека ЕУ и натаму е за дијалог со САД и оти се очекува наскоро двете страни да разговараат за трговските тензии.