Помпео ги нарече иранските лидери „лицемерни свети луѓе“
![Помпео ги нарече иранските лидери „лицемерни свети луѓе“](https://gdb.rferl.org/21E733D1-59A6-4558-AF51-B9E1C5912D92_w800_h450.jpg)
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја нападна иранската владејачка елита, како и верските лидери за користење на нивната позиција за да ги наполнат своите џебови, додека просечните граѓани „плачат за работа, реформи и можности“. Помпео го нарече иранскиот врховен лидер Ајатолах Али Хаменеи, како и другите верски лидери во теократската влада „лицемерни свети луѓе“ кои трупаат стотици милиони долари од тоа што се на власт. Тој додаде дека „режимот во Иран бил „кошмар за иранскиот народ“.