Македонија и Грција договараат заедно да организираат европско кошаркарско првенство
Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски, денеска соопшти дека кошаркарските федерации на Македонија и на Грција разговараат двете земји заедно да конкурираат за домаќини на европското првенство во кошарка за мажи во 2021 година или за жени во 2023.
„Наша желба е во иднина да организираме ЕП заедно со Грција. Опции се и машка и женска конкуренција“, рече Темелковски на денешната прес-конференција.
Како што појасни, Македонија би била домаќин во Скопје, а Грција натпреварите од групите што ќе ѝ припаднат нејзе би ги организирала во Атина и во Солун.