САД не сакаат промена на режимот во Иран
Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека САД не се за промена на режимот во Иран. Тој посочи дека нивната цел е да се смени однесувањето на Иран поради бројните закани кои што може да ги спроведе војската и тајната служба на земјата.
Изјавата на Матис доаѓа по разговорите на високи претставници на Белата куќа на кои станало збор и за Иран. Тензиите меѓу САД и Иран се зголемени, а американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го предупреди Техеран да не и се заканува на неговата земја бидејќи ќе се соочи со последици.