ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од функционерите на СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека мора да има одговорност за, како што наведуваат, општиот грабеж кој го спроведува СДСМ. Според партијата, сите владини и државни функционери кои се нашле во скандалите тешки 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка.
„Додека здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите живот, Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра. Додека Македонија тоне на ранг листите за иновативност, Фондот за иновации и технолошки развој стана фонд за исплата на долговите на Заев и СДСМ кон своите сопартијци, фунцкионери од власта и провладини медиуми. Јован Деспотовски се обиде да ги награди ,,најзаслужните’’ партиски послушници со 10 милиони евра пари на граѓаните“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оставки мора да има за да се спречи притисокот од страна на државните функционери, врз органите на прогонот кои мора да ги изведат пред лицето на правдата.