Партиите се уште во разговори за референдумот
Парламентарните партии се уште водат разговори со цел да се постигне договор за спроведување на референдумот, особено за надминување на несогласувањата околу референдумското прашање. Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери најавија дека до 30 јули референдумот треба да биде распишан за тој да се одржи на 30 септември.
Со формирањето на ДИК, чии членови во понеделник во Собранието ќе дадат свечени изјави, се создадоа и формални услови за организирање на референдумот.