Преговори за формирање на пакистанската влада
Лидерот на партијата Техреек-е-Инфаф (ПТИ), Имран Кан ќе ги започне денеска преговорите за формирање на коалиција со помалите партии за формирање на наредната влада на Пакистан. Партијата на Кан освои 16,8 милиони од гласовите, при што партијата на поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф освои 12, 8 милиони од гласовите.
Но, освоените 116 пратенички места не се доволни за ПТИ да има мнозинство во Парламентот. 65 годишниот Кан е поранешна меѓународна крикет ѕвезда и има големи шанси да стане наредниот премиер на Пакистан.