Средба на претставници на САД и на талибанците во Доха
Претставници на американските власти и на талибанците се сретнаа на директни разговори кои се за подготовка на мировните преговори со цел да се стави крај на 17 годишната војна во Авганистан. Средбата се одржала во Катар на 23 јули.
Талибанците соопштија дека средбата била прелиминарна и со цел да се подготват за наредни контакти. Според нив, атмосферата била добра, корисна и се размениле мислења.