Дачиќ: САД имаат нов пристап кон косовското прашање
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека САД имаат нов, конструктивен пристап кон решавањето на косовското прашање. Според него, тоа претставува значителна промена од досегашниот став.
„Тоа значи дека се отвори вратата за барање на ново, компромисно решение, нешто на што САД не беа подготвени во изминатите години бидејќи сметаа дека косовското прашање е затворено“, изјави Дачиќ.
Дачиќ не посочи детали за новиот американски став.